Членката на Социјалистичката партија на Србија (СП) Ана Гроздановиќ важи за најубавата жена не само на српската, туку според многумина и на регионалната политичка сцена, па и пошироко на Балканот.
Откако се појави во политиката таа не престанува да го привлекува вниманието каде и да се појави и никого не остава рамнодушен, а постојано е и во фокусот на медиумите.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ana-najseksi-politicharka-vo-srbija-ubavica-so-dolgi-noze-telo-vreteno-i-provokativen-stajling-foto/
Токму затоа и како бомба одекна веста дека фудбалскиот заводник и љубовник, Огњен Врањеш, по Карлеуша го заробил срцето на политичарката Ана Гроздановиќ.
Наводно таа раскинала со своето момче пред неколку дена, но очигледно во последен момент сè се свртило наопаку и сега таа јавно ги демантираше различните шпекулации.
Имено, најубавата политичарка во регионот објави низа фотографии со своето момче на нејзиниот Инстаграм, неколку споделени спомени, и со тоа јасно стави до знаење дека никој не може да им ја наруши љубовната идила и среќата.
Гроздановиќ го користи секој слободен момент да го помине со своето момче, а според објавите од социјалните мрежи уживаат во многу активности, интереси и меѓусебна размена на емоции.
А Врањеш? Веројатно останува „напален“ и „наострен“ како дива мачка во заседа да го чека првиот поволен момент на „љубовна дисхармонија“ за да ја „нападне“ и заведе сексапилната политичарка?!
Фото: Инстаграм принтскрин/anagrozdanovicc/ognjen_vranjes