Радио Милева „жолт фламингос“

Огњен Амиџиќ нема да го препознаете, водителот доживеа тотална трансформација: Така е кога се обложуваш со жена… особено со Македонка! (ФОТО)

Огњен Амиџиќ нема да го препознаете, водителот доживеа тотална трансформација: Така е кога се обложуваш со жена… особено со Македонка! (ФОТО)

Популарниот водител Огњен Амиџиќ, чија емисија „Амиџи шоу“ со години соборува рекорди во гледаност, мораше комплетно да го смени изгледот, па ја осветли својата темно црна коса и ја обои кај својот фризер, со што преку ноќ стана русокос.

Како што се дознава, причината за ваквата промена е изгубен облог!

Имено, Огњен го загубил облогот со  својата сопругата, манекенката и топ модел  Даниела Димитровски која по потекло е Македонка, па сакал- не сакал, водителот морал тотално визуелно-естетски да се преобрази.

Се’ уште стана тајна за што станува збор, кога е облогот во прашање, а Пинк.рс објави ексклузивни фотографии од популарниот водител со новата фризура.

Дали ви се допаѓа неговата промена и како сега ви изгледа „жолтиот фламингос“,  кој едно е сигурно – ја нучил лекцијата друг пат да не се обложува со жена…Особено не со Македонка!?

Фото: Пинк.рс

To top