Радио Милева како втор татко

Огнен Здравкоски првпат се огласи до јавноста по смртта на неговиот вујко Зоран Џорлев: „Тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот“ (видео)

Огнен Здравкоски првпат се огласи до јавноста по смртта на неговиот вујко Зоран Џорлев: „Тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот“ (видео)

Македонскиот виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев почина пред речиси две недели поради последици од коронавирусот.

Џорлев беше заразен со коронавирус и се лекуваше на инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и ја изгуби битката со короната.

https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/nenadejno-pochina-poznatiot-makedonski-violinist-zoran-dzorlev/

Македонската јавност беше затечена од оваа вест, а неговите колеги, пријатели, а посебно неговото семејството е неутешно поради големата загуба.

Неговиот внук, пејачот Огнен Здравкоски првпат се обрати до јавноста откако почина неговиот вујко.

Тој за „Бексјтеџ“ вели дека веста за смртта на Џорлев прва ја дознала неговата вујна, а потоа и целото семејство.

„Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно. Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачи тромб и не успеа да се избори со оваа проклета болест. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде. Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе, вели Огнен за „Бекстејџ“ и додава:

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

„За вујко ми ќе кажам дека тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми бил вујко. Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“ вели Здравкоски.

Тој додава дека ќе продолжи да чекори по неговите стапки.

„Ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да исчекорам по тој пат и да ја продолжам традицијата која тој ја правеше за нашето семејство. Многу песни, многу проекти останаа недовршени, но ќе ги довршиме некогаш и некаде“, вели Огнен со солзи во очите.

Здравкоски на крајот упатува порака до сите да се чуваат, да се сакаат, да се шири позитивна енергија.

Инаку, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Зоран Џорлев зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин.

Потсетуваме, Огнен Здравкоски и неговата мајка Софче Џорлева исто така беа заразени со коронавирус, но успеајаа да ја победат битката.

To top