Огнен Здравкоски и Адам Лабунски добро им се познати на јавноста по нивното учество во региоаналните музичка шоуа.
Имено, Адам има учествувано во „Пинкови ѕвезди“, а сега заедно со Огнен се во „Ѕвездите на Гранд“ под менторство на Марија Шерифовиќ.
Тие деновиве тргнаа заедно за Белград каде ќе се подготвуваат за третиот круг.
И покрај сите тамошни обврски тие имаат и време за дружба.
Така претходните денови посетија некој белградски ресторан каде што уживаа и се забавуваа.
Меѓутоа, од кратките приказни кој на „Инстаграм“ ги објави Огнен може да се види како Лабунски разменува нежности со младата српската манекенка Ивана.
Во описот на објавата стои: „Се заљуби човекот“.
Пред некој ден и самиот Адам на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која го покажа својот грб цел со бакнежи.
Исто така, деновиве во последните објави на социјалните мрежи Адам објави цртеж од него и неговата нова девојка Ивана.
За потсетување, Адам претходно беше во врска со една русокоса девојка која го поддржуваше во неговата кариера.