Радио Милева ја прозва

Огнен Амиџиќ ја прокоментира ситуацијата кога Тања Савиќ ја напушти неговата емисија: „Непрофесионална е, таквите ситуации ми се смешни“

Огнен Амиџиќ ја прокоментира ситуацијата кога Тања Савиќ ја напушти неговата емисија: „Непрофесионална е, таквите ситуации ми се смешни“

Пејачката Тања Савиќ неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“. Меѓутоа, се случи вистински скандал кога пејачката стана и ја напушти емисијата, па не се ни врати.

По тој повод, сега се огласи и Огнен кој ја прокоментира целата ситуација.

-Не се слушнавме и не гледам причина за такво нешто. Тања не испадна професионална, прво за мене, а потоа и за останатите гости во студиото. Секој има право да си ја гради кариерата како што сака, но некои работи не се на место, вели водителот.

-Мене тоа лично не ме погодува бидејќи сум професионалец, но не е во ред на тој начин да се прави приказна во медиумите. Ако некој има проблем со гостите кои ги покани мојот тим, секогаш може да ми каже, па ќе се договориме да го поместиме гостувањето. Ваквите ситуации се смешни, вели Амиџиќ.

-Има неколку имиња кои повеќе нема да ги поканам во емисија, но нема да ги именувам. Тие ќе се препознаат.

За потсетување, во емисијата во која гости беа Тања Савиќ, Ивица Дачиќ, Јована Јеремиќ и Бранимир Несторовиќ додека Јована одговараше на прашање, Тања го напушти студиото со изговор дека оди во тоалет и не се врати.

Од друга страна, Јована тогаш порача:

-Замина во тоалет и не се врати, само си замина додека одговарав на прашање. Не навлегувам во причините за нејзиниот заминување.Мислам дека интелектуално не можеше да се вклопи со нас, таа нема заеднички теми со нас, изјави таа.

Откако Савиќ ја напушти емисијата, се огласи за медиумите и потенцираше дека нема што да коментира.

фото: Инстаграм/amig show/tanja_savic_private/youtube/

To top