Во светските и регионалните медиуми многу често се пишува за пристигнување на ново бебе во кралското семејство.
Имено, се шпекулираше дека наводно Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето второ дете, па започнаа гласини дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон очекуваат близнаци, а тука се гласините и за приновата во семејството на принцезата Евгенија.
Нагодувањата се покажаа како точни, а вестите за приновата ги потврдија и од Бекингемската палата.
Имено, внуката на кралицата Елизабета, 30 годишната принцеза Евгенија во 2018 година го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, менаџерот Џек Бруксбенк, а сега парот го очекува своето прво дете.
Вест официјално ја потврдија од палатата истакнувајќи дека кралицата и принцот Чарлс се пресреќни поради пристигнување на правнуците.