Организаторите на „Охрид колинг“, го најавуваат петтиот јубилеен роденден на фестивалот, за кој, изразуваат надеж дека како и секоја година ќе се одржи од 31 јули до 3 август.
Во Охрид оваа година би требало да присуствуваат 20 артисти, помеѓу кои и оние кои до сега присуствувале како и музичари кои прв пат ќе присуствуваат. Се очекува спектакуларно шоу на светските број еден диџеи за 2019 година, Dimitri Vegas & Like Mike, но листата на најавени ѕвезди е всушност многу поголема.
„Колку и да звучи сето ова во моментов како невозможна мисија, земајќи ја предвид моменталната ситуација со коронавирусот, одлучивме дека е добро сите заедно да фантазираме и да шириме оптимизам, кога веќе ништо друго не ни останува, стремејќи се и подготвувајќи се истиот оптимизам да стане реалност! Ние сме полни надеж и нема да влеземе во процес на откажување на фестивалот или пак префрлување на истиот за 2021 година сè до 01 јули оваа година“ – велат организаторите.