Кристијано Роналдо (38) и Џорџина Родригез (29) моментално летуваат на Сардинија на луксузен брод. Како и секогаш, друштво им прават нивните пет деца. Фотографиите од папараци ја фатија Џорџина како се шета во зелени бикини и танга, додека Роналдо седеше на стол и уживаше во освежителен пијалок.
Додека гледала во телефонот, Џорџина била крајно незадоволна, па ни нејзиниот љубовник облечен во бели шорцеви не можел да ја отфрли нејзиното незадоволство. Но, изгледа дека не се ни обидел да ја расположи. Многумина велат дека тој е во врска со Герогина само за да има некој кој ќе се грижи за неговите деца и да му раѓа нови.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Горгина е обезбедена со договор и во случај Роналдо да ја напушти, до крајот на животот ќе добива по 100.000 евра месечно, а некои од нивните куќи ќе бидат нејзина сопственост.
Но, и самата таа заработува сериозни пари промовирајќи одредени брендови, особено накит, а нејзината серија на Нетфликс „Јас сум Горгина“ сега ја емитува својата втора сезона. Па очигледно е дека причината за нејзиното незадоволство не се финансиите.
Фото: Принтскрин/Профимедиа