Јелена Томашевиќ по сите напорни настапи и снимиња одлучи да ги наполни батериите.
Имено, неодамна пејачката беше на одмор на Занзибар.
Меѓутоа, овој одмор ќе го памети по една непријатност, односно на пејачката и биле украдени документите.
Оваа информација ја објави Елена Петреска, македонска пејачка и уметнички директор на забавниот фестивал „Мел фест“ кој пред некој ден се одржа во Прилеп.
Јелена требаше да настапува на овој фестивал, но не успеа да стигне поради украдените документи.
„Јелена беше најавена како гост на „Мел фест“, за жал, не можеше да дојде. Информирани сме дека Томашевиќ била на Занзибар каде што доживеала голема непријатност поради која беше спречена да дојде во Прилеп. Имено, на Јелена и биле украдени документите и не може да патува додека не добие нови документи. Сепак, таа вети дека ќе се појави на некои од следните случувања поврзани со „Мел фест“, вели Елена.
Исто така, пејачката беше најавена дека ќе пее на концертот во чест на Тоше Проески кој се одржа на почетокот на октомври, меѓутоа пејачката не се појави на сцената во салата „Борис Трајаковски“.