Аца Софронијевиќ и Сања Ќулибрк ставија точка на својата љубов.
Еден од омилените парови на српската јавна сцена, Александар Аца Софронијевиќ и Сања Ќулибрк ја раскинаа свршувачката.
– Сите ја очекуваа нивната венчавка и многумина беа изненадени од нивното раскинување, но не сакаа да зборуваат за тоа. Причината за раскинувањето не бил никаков скандал, измама или кавга… Тие едноставно сфатиле дека не се еден за друг и дека нема да можат да ја видат староста заедно, поради што се договориле да се разделат. Нема непријатности кога ќе се сретнат. Аца е сериозен професионалец, и нема никаква лоша енергија меѓу нив, па не е чудно што продолжија со нормална комуникација и соработка – изјави за Курир.рс извор близок до Софронијевиќ и водителката.
-Убаво си поминавме, убав живот. Едноставно сфативме дека не сме еден за друг и решивме да се разделиме. На Сања и посакувам сета среќа во животот. Останавме во коректни односи, мислам дека така треба да биде затоа што и двајцата сме зрели и остварени луѓе – рече Аца.
фото:ATA Images/Instagram