Домот што го имаат во Барселона всушност случајно се погодил веднаш до куќата на Шакира, а на селидба помислиле поради нејзиниот бурен живот, кој вклучува гласни забави.
Жоан Пике (63) и Монсерат Бернабеу (60) сакаат да се оддалечат што е можно подалеку од Шакира (46) која им задава се повеќе главоболки откако ја прекина долгогодишната врска со нивниот син.
Според магазинот „Hola“, очајните родители на фудбалерот (36) наводно сакале да се преселат и да побегнат од поранешната партнерка на нивниот син, кој живее во куќа до нивната.
Покрај тоа што беа родители на Пике, тие беа и нивни соседи, но размислувале за преселба поради нејзиниот бурен живот, кој во последно време вклучува гласни забави, огномет и многу обожаватели на нејзиниот праг.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Ројтерс