Втората емисија на „Твоето лице звучи познато“ ја отворија Даниел Кајмакоски и Алекса кои се најдоа во улогата на Тејлор Свифт и Брендон Ури.
Даниел на сцената се појави во кратко здолниште, розова блуза и штикли однсно стилизиран како Тејлор, а жирито не престана да се смее на оваа изведба.
Посебено импресиониран беше одбојкарот Александар Атанасијевиќ.
„Ова беше фанстастично . Го гледав Даниел и малку се исплашив. Одеше како девојките кои се враќаат од сплав во 4, 5 часот наутро. Не знам како ќе се снајдам во неговата ситуација“ вели спортистот.
Неговиот настап погледнете го видеото подолу.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=132&v=d3OzGqkZ4es
За потсетување, токму поради оваа улога Даниел се најде во центарот на вниманието на медиумите.
Имено, додека тој се подготвувал за Тејлор со лакирани нокти позирал пред фоторепортерите, а во еден момент ненамерно ги ставил рацете во положба на двоглав орел што е симбол за „Голема Албанија“.
По ова фотографија тој наиде на многу негативни критики, а тој се огласи и истакна дека не било намерно, ниту знаел дека тоа е симбол на голема Албанија.