Мегафон

„Одиме на Европско првенство“ е новата навивачка химна на македонската репрезентација

„Одиме на Европско првенство“ е новата навивачка химна на македонската репрезентација

ФФМ вчера ја претстави новата навивачка химна на македонската репрезентација – „Одиме на Европско“.

Автори на спортската химна се Саше Љолес и Петар Младеновски (фронтменот на „Суперхикс“), а химната е во изведба на групата „ВИС Рисови“.

За химната е снимен и видеоспот во кој се појавува целата македонска фудбалска репрезентација. Спотот се очекува да биде промовиран наскоро. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули во 12 држави. Нашата репрезентација по прв пат настапува на едно големо натпреварување.

To top