Дали локните се во мода или афро-физурата е тренд во дадениот момент, веројатно најдобро знаат модните критичари и фризерите кои ги следат светските правци и трендови за убавина?! Но, дека македонската естрада или барем поедини нејзини преставнички се „здале“ на виткање на правите коси, покажуваат најновите фотографии на социјалните мрежи.
Така, по Кристина Димитриевска, која неодамна ја направи „суштествената“ промена, уште една позната македонска пејачка решила да си го смени изгледот на фризурата. До душа бојата останала иста, па сега рускосата убавица со долга рамна коса добила сосема поинаква визура со новата „трајна-ладна – ондулирана“ афро-фризура.
Да не знаете која е во прашање, со гаранција дека тешко би погодиле. Ако претходно не дознаете што е и како е – оди па препознајте ја која е? Зашто со новата афро-фризура распеаната русокоса ќе ве стаписа!
Не дека и стои лошо, туку многу повеќе затоа што не сме навикнале ваква да ја гледаме, зашто за прв пат драстично го менува имиџот, односно изгледот на овој начин. Особено што долгата руса коса и беше еден вид заштитен знак на Викторија Лоба, која некој ја убедил вака да проба… да изгледа! Трансформацијата на пејачката тотална, а патем не е ниту случајна, зашто се си ма своја намена, а Бога ми и цена!
Имено, русокосата пејачка со руско потекло својата метаморфоза им ја препуштила на вештите раце на прекалените професионалци, а мотивот за големата промена – рекламна кампања! Лоба е дел од новиот каталог на еден познат бренд за накит, очила за сонце, чанти, торби, шамии, разни други женски аксесоари… Па за потребите на снимањето и фотографирањето нужно било и виткањето… на косата, секако!
Како и стои, дали доволно ја личи, како изгледа, дали повеќе ваква ви се допаѓа… се прашања за вашите коментари за нејзината афро-промена!
Дали во рекламната приказна ќе има своја улога и малечкиот померанец или е тука само како случаен „падобранец“, останува да дознаеме подоцна.
Сепак, две нешта се сигурни: Него не го „ондулираат“… А и на Лоба, новите „федери на главата“ нема да и ја разнишаат славата…
Напротив, малку поинаква е стварноста – можат само да и го „набилдаат“ буџетот и зголемат популарноста!
Фото: Инстаграм принтскрин/victorialoba