Пејачката Тања Савиќ изминатиот период е во центарот на вниманието поради написите дека наводно е во врска со познат политичар.
Таа не се огласуваше по повод овие пишувања, па не откри дали по скандалот со сопругот Душан Јованчевиќ има ново момче или не.
Пејачката овој пат на социјалните мрежи одговараше на прашања на нејзините следбеници.
Некој од нејзините фанови ја праша дали има момче, а Савиќ не сакаше да одговори на ова прашање.
-Какви се тие лексиконски прашања?, изјави Тања без да даде одговор.
Наводно, пејачката во текот на летото била во врска со градоначалникот на Бања Лука, Драгиша Станивуковиќ.
За потсетување, Тања од април претходната година помина низ лош период бидејќи нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе нивните деца без нејзино знаење во Австралија, па пејачката ги немаше видено една година.
фото: принтскрин/инстаграм/тања савиќ/јутуб