Познатиот ријалити учесник и пејач Слоба Радановиќ истакнува дека му е доста од приказните за одење на липосукција и вели дека единствената вистина во приказните е тоа дека оди на „стеснување“ на половиот орган!
Популарниот естраден уметник веќе подолго време на социјалните мрежи го прозиваат за дебелеење и дека мора да оди на липосукција или стеснување на желудникот.
Како што пренесуваат медиумите, пејачот наводно веќе закажал интервенција кон крајот на јуни во едн приватна клиника во Нови Сад.
Слоба Радановиќ тренира секој ден, се храни здраво и се труди да биде во топ форма, па реши да одговори на шпекулациите на „злобните јазици“ дека донел одлука да се оперира.
Како одговор на коментарите дека ќе ослабне и ќе го затегне стомакот, пејачот се огласи на Инстаграм и откри на која интервенција „наводно“ ќе ја направи:
„Не одам да го симнам стомакотот, одам да го стеснам Ѓоко“ ! – изјавил Слоба, пренесува Пинк.
Сериозен или „карикира“…? Најдобар одговор за „новата мерка“ може да даде втората сопруга, по првата проверка… После евентуалната хируршка интервенција, секако.
Фото: Инстаграм принтскрин/ slobaradanovic