Нина Прља била во притвор четири месеци, по што добила алак за следење околу ногата, па со неа поминала една година во домашен притвор. После тоа, таа влезе во реалното шоу „Парови“, а подоцна стана и водителка.
Српската старлета се најде во центарот на вниманието на медиумите кога беше уапсена во 2016 година под сомнение дека била дел од организирана криминална група за шверц на кокаин во Обединетите Арапски Емирати Не го криеше срамот и ги шокираше сите раскажувајќи како и поминале деновите зад решетки.
И додека многумина не можеа да поверуваат што може да се слушне во програмата во живо, старлетата и објаснуваше на својата цимерка во тоа време како преживеала во затворот.
„Еве, јас ќе те обучам за во затвор. Само за да знаеш, таму воопшто не е лесно. Нема храна што ја сакаш, туку јадеш што ќе ти дадат. Нема вештачки трепки, фризури, високи потпетици, крзнени палта … Таму е многу студено во зима, а неподносливо топло во лето. Дисциплината е строга, излегувате во одредено време, го правите она што ќе ви го кажат. Треба да носите тренерки, нема маички со прерамки, затоа што покрај вас има мажи кои ве гледаат и ги прават „оние“ работи“ – раскажа Нина и додаде дека доживувала стрес секој пат пред да се тушира:
„Кога одите под туш, мора да имате стражар. Имав цимерка кој ме гледаше додека се туширав. Некои затвореници имаат пенкала со кои те демнат да те избодат. Ако немате кој да ве чува, тешко вам!“
Гледајќи ги нејзините профили на социјалните мрежи, може да се заклучи дека таа е девојка која често оди во Дубаи, останува во друштво на богати и сомнителни мажи и бизнисмени и е опкружена со чист луксуз.
Фото: Инстаграм принтскрин/official_nina_prlja