Едната изгледа неверојатно згодно и плени со својата фигура, додека другата потполно се запуштила и е типичен пример како не треба да изгледа една жена.
Но, почекајте малку и погледнете поубаво.
Па, тоа е истата жена!
Ѕвездата на реалното шоу Geordie Shore, Вики Патинсон ова лето беше една од оние жени кои кога ќе ги сретнете најверојатно ќе го свртите погледот на страна. Вишокот на килограми, нагласениот целулит и обемната половина беа повеќе од очигледен знак дека Вики ужива во храната и воопшто не вежба.
Неколку месеци подоцна Патинсон е сосема друга жена. Критиките изгледа го повредија нејзиното его, па реши да им покаже на сите дека може да се стегне, кога ќе посака. Епилогот е фантастичен, но тешко е да не убеди дека се должи само на напорно вежбање и строга диета, барем не за толку кратко период.