Секоја работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“.
Шеф Марк и шеф Никола односно тимот на пиперките и тимот на доматите заедно со своите учесници подготвуваат разни специјалитети и јадења.
Тие пред ТВ екраните за краток период од разни намирници знаат да направат навистина некој вкусен специјалитет.
Марк често е активен на социјалните мрежи и објавува фотографии од своите активности, како професионални така и приватни.
Неодамна, готвачот беше гостин во емисијата „Возење со Драган Вучиќ“, каде што обични луѓе или познатите се возат во градски превоз и разговараат со водителот на разни теми.
Иако најчесто сме навикнати Марк да го гледаме во кујна и во тоа е најдобар, овој пат неговата кујна изгледаше сосема поинаква.
Во својата опрема за готвење среде улица, Марк уште еднаш ги потврди своите готвачки вештини.
Како изгледаше тоа на снимањето, погледнете на фотографиите.
фото: фејсбук/инстаграм/маркдејонг