8-ми Март, меѓународен ден на жената. Со години наназад се водат разни полемики околу тоа што треба, а што реално претставува овој празник кај нас, па и во светот. Се отвораат прашања, чија актуелност секогаш е иста. Овој ден би станал ден на заблуди и лага доколку веруваме дека со тој еден ден на посебно внимание, дали со цвеќе или подарок ќе заборавиме или простиме на секојдневните неправди кои што на жените им се случуваат.
Со ова, само по себе се наметнува и прашањето: Од цвеќе до шлаканица? Каква е реалната слика на жената во Македонија? Токму на оваа тема екипата на „Бекстејџ“ разговараше со нашите естрадни и јавни личности. Еве што мислат тие.