Радио Милева уживанција во време на корона

Од „Сè или нешто“ покажа од „сè по нешто“: Лила во бикини изгледа за чиста 10-ка

Од „Сè или нешто“ покажа од „сè по нешто“: Лила во бикини изгледа за чиста 10-ка

Водителката на „Сè или нешто“, добро познатата Лила Филиповска обожава да патува и да посетува разни туристички дестинации.

Во последната година дена, не можеше толку многу да оди некаде поради пандемијата со коронавирусот.

Меѓутоа, Лила неодамна беше на патување во Кападокија од каде што се врати со еден куп впечатоци.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lila-na-krstarenje-po-bosforot-vo-bogatiot-del-na-istanbul-kade-se-snimaat-turskite-serii-foto/

Но, нашата позната водителка не застанува тука, па за време на Велигденските празници беше во Анталија.

Таа го искористи слободното време, продолжениот викенд и убавите температури за да ужива на нова туристичка локација која е вистинска атракција.

И овојпат Лила не се штедеше да покаже како ужива и заедно со своите следбеници ги сумираше впечатоците.

фото: Принтскрин/инстаграм/лила филиповска

Како што истакна, во Анаталија се почитувале сите препораки за заштита од корона односно постојано се вршело дезинфекција, во хотелите вработените биле вакцинирани, имало маски на секој чекор, а бидејќи Турција е во карантин до 17 мај, тоа не важело и за туристите.

фото: Принтскрин/инстаграм/лила филиповска

Филиповска на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од патувањето покажувајќи ја убавината на Анталија, но и својата убавина.

Лила го искористи убавото и топло време да ужива на плажа, но и да се расоблече во бикини покажувајќи го своето згодно тело кое мами воздишки.

Имено, на последната фотографија на „Инстаграм“, Лила позираше во црно бикини истакнувајќи ги своите облини.

фото: Принтскрин/инстаграм/лила филиповска

Разголена, испружена на сонцето и релаксирајќи се во убавините на Турција, Лила сигурно ги наполнила батериите за новите работни активности.

Објавата за кратко време достигна повеќе од 5 000 лајкови, а следбенците ја опсипаа со позитивни коментари.

Кој знае да ужива, знае да ужива.

To top