Познатата српска новинарка, ТВ водителка, писателка и сликарка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ по страшно тажната вест за смртта на големиот Џеј Рамадановски, на Фејсбук сподели проштален пост од кој нема кого не му потекоа солзи.
„Излегов од семејниот ручек во неделата, на улица, веќе се стемнуваше, дуваше страшна Кошава, што ми ја турна качулката од глава и ги исуши солзите што одеднаш неконтролирано почнаа да течат по моето лице, како некој да го притискаше натопениот сунѓер на моето срце, па тој пушти се. Улиците беа празни, само лисјата и јас и тој ветер, на кој тивко си ја пеев песната на Џеј „Недеља“ и размислував за тој мал голем живот.
За него кој лебдеше над Белград попладнево, можев да го слушнам неговиот глас и неговата смеа и помислив на нашиот милионер од калта, на просторијата во Дорќол од која учителката го однесе на училиште, тој мал кибритчија, неколку години помлад од нас, кој беше дел од нашиот живот, растејќи во Првата белградска гимназија, и размислував за таа судбина… И како ја надрасна и како подоцна беше поголем од животот, и како замина во недела, како во песната, оставајќи ни некое неискажливо чудо и меланхолија. И тогаш сфатив дека не плачам само заради заминувањето на последниот шмекер од Дорќол, туку дека моите тивки солзи на таа Кошава беа ненадејна длабока тага за нашата младост, за смеата и хуморот во дорќолските кафулиња, или покрај базенот крај реката, на децата кои се кикотеа во трамваите, на момчињата што ги гланцаа своите италијански чевли со ист жар со кој подоцна ги полираа своите први голфови… Тоа беше длабок писок за сите оние моменти за кои не дозволуваше да заборавиме и да зборуваме, за сите оние „соби со поглед кон тебе“, за сите оние „љубовни сонца“.
Ја пуштив неговата последна песна. … „Ќе платам, само заплачи, вечерва да поверувам дека барем една што шета по оваа земја, плаче за мене“. И помислив, како Џеј промени толку многу неша. Тој го спо јадрото на градот и предградието, ракијата и шампањското, малите и големите, смешното и тажното, да се има и да се нема… и беше родоначелник на новиот сензибилитет – ако не беше тој, на ниту еден од овие новокомпонирани јапи фраери никогаш не би им паднало на памет дека е добро, па дури и само во кафеана, да сакаш, да страдаш и да прашаш: „Каде да одам сега, моја розо?“
И Џеј не направи и нас девојките некако посебни. Ние бевме тие рози, девојки, сакани, тие мали сонца. Пееше за нас, за тоа како порано беше и за тоа како, можеби, зад некој кариран чаршав, може повторно да биде исто, романтично, блескаво и неутешно. Размислував како тој нè направи подобри луѓе без да има поим за тоа… И тогаш се насмевнав“.