Радио Милева

Од породилиште на прослава: Катарина Ивановска направи мекици за бебето Кира (фото)

Од породилиште на прослава: Катарина Ивановска направи мекици за бебето Кира (фото)

Македонскиот модел Катарина Ивановска се породи во четврток и стана мајка по вторпат на ќерката Кира.

Овие вести меѓу први ги обзнани нејзината другарка, пејачката Тамара Тодевска која во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели дека Ивановска стана мајка.

Веднаш по раѓањето на Кира беше организирана забава на која присуствуваа најмилите и најблиските на Катарина, а повторно беше главна Тамара која не го испушташе микрофонот од рака и не престана да пее.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mekicite-za-bebeto-kira-na-katarina-ivanovska-kje-pochekaat-ama-zatoa-se-pieshe-i-peeshe-do-sabajle-foto/

Додека траеше забавата, мама Катарина од породилиште ги гледаше видеата и како нејзините најблиските славеа за среќата.

Катарина не беше резервирана за својата приватност, па набргу по породувањето ја и објави првата фотографија од бебето, поточно од малите нозе на Кира.

фото: принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Меѓутоа, забавата не е забава ако ја нема Катарина и таа не слави со најмилите за најновиот член на семејство и како што е редот направи мекици за Кира.

Ивановска вчера излезе од породилиште и заедно со Кира си заминаа дома. Моделот во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели видео на кое таа вози, а малото бебе е на задното седиште.

фото: принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Ивановска кратко прокоментира „Си одиме дома“, а ако судиме по оваа објава таа се чувствува одлично и подготвена за новите мајчински ангажмани.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Меѓутоа, подготвена и за мекици за Кира. Па така, од породилиште, моделот замина дома, се подготви и правец во ресторан.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Во кратките приказни  на „Инстаграм“, Ивановска сподели дел од атмосферата, а како што е редот и обичајот, мекиците беа послужени.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Насмеани, расположени и радосни сите и посакаа добредојде на Кира која овие денови е во центарот на вниманието. И овојпат во друштво на најмилите и најблиските, Катарина славеше.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

За потсетување, Катарина неодамна истакна дека нејзината ќерка ќе се вика Кира по името на нејзиниот татко Кире.

To top