Радио Милева
испраќање на актерот

Од починатиот млад хрватски актер се простуваат колегите и пријателите: Ова е една од најпотресните исповеди

Од починатиот млад  хрватски актер се простуваат колегите и пријателите: Ова е една од најпотресните исповеди

По ненадејната и шокантна смрт на младиот хрватски актер Роберт Будак се простуваат многу од неговите колеги и пријатели преку социјалните мрежи.

Меѓу мноштвото потресни исповеди, е и онаа на  познатиот хрватски ортопед и моден познавач, хрватскиот „моден гуру“ Ненад Коркут. Тој на својот фејсбук профил вака се прости од младиот актер:

Р.И.П. Роберт Будак

„Роден на 21 март 1992 година во Загреб, почина денес … не го дочека ни својот 27-ти роденден … толку симпатичен, драг и талентиран. Гледајќи го неодамна како беше брилијантен во Хадерсфилд во ЗКМ, мислев дека го чекаат многу големи улоги, убава иднина и како ќе бидам среќен што ќе  ја следам неговата кариера … Но тој замина пред подобро и да го запознаеме… Се приклучи во клубот 27. Лоша утеха. Величествено, но тажно е друштвото на неговите врсници: Џим Морисон, Џенис Џоплин, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Курт Кобејн, Ејми Вајнхаус, Жан-Мишел Баскијат, Хит Леџер … Дориан Шипуш, авторот на оваа фотографија, веројатно не бил ни свесен кога ја снимил, како таа ќе изгледа потресно денес“ – го завршува со овие зборови своето испраќање на младиот актер, хрватскиот моден гуру.

Фото: Ливио Андријиќ

Останати вести од Радио Милева