Летниот период знае да биде многу убав, но и напорен поради инсектите кои напаѓаат од сите страни, особено комарците.
Нашата пејачка Тамара Тодевска како трудница која го очекува своето воторо дете и е во седмиот месец од бременоста, досега помина барем како што вели безгрижна бременост.
View this post on Instagram
Советите на лекарите се такви дека особено трудниците треба да внимаваат во лето, што од храната, што од топлините, а Тамара си нема мака од тоа, туку и се случи она што скоро секој се плаши и гледа да го избегне.
Имено, деновиве пејачката на својот Инстаграм објави дека доживеала една непријатна незгодна, односно ја каснало оса. Резултатот од тоа беше нејзината потечена рака која изгледа изобличено од убодот.
-Кога ќе ти се изобличи раката од една оса, напиша тамара во описот на фотрографијата која ја дополни со една иконка од човече кое плаче.
Некои непријатности некогаш едноставно е невозможно да се избегнат.