Радио Милева

Од омилена продавачка на пилешко до снаа на Цеца: Еве што велат пазарџиите за Богдана Родиќ

Од омилена продавачка на пилешко до снаа на Цеца: Еве што велат пазарџиите за Богдана Родиќ

Семејството Родиќ има свои тезги на пазарите во Котеж, Борч и Маријево, а сите пазараџии имаат само пофални зборови за идната снаа на Цеца, Богдана Родиќ.

Идната снаа на Цеца била омилена продавачка на пилешко на белградските пазари.

Девојката од Тител  која на 24 неомври ќе стане сопруга на Вељко Ражнатовиќ, односно госпоѓа Ражантовиќ, до неодамна продавала месо секој ден од 7 часот наутро, до два часот попладне.

Меѓутоа, откако е бремена, Богдана заминала на породилно, но нејзините сестри Наташа и Бојана и понатаму помагаат на родителите во семејниот бизнис.

Имено, екипата на курир.рс ги посетила трите пазари, а пазарџиите откриле зошто сите сакала да купуваат месо кај сестрите Родиќ.

„Сите сакаа да купуваат пилешко и крилица кај сестрите Родиќ. Секогаш беа дотерани и нашминкани. Како да работат во најлуксузниот дуќан, а не на пазар.  Наутро доаѓаа пред да започне работно време и го ставаа пилешкото во фрижидер, а кога ќе се отвори пазарот тие така средени продаваа пилешко. Секогаш беа љубезни и насмеани. Некое време сите три продаваа пилешко овде во Котеж, а бидејќи бизнисот им се прошири, Богдана замина на тезгата во Маријево, Наташа замина во Нови Сад, а Бојана замина во Котеж“ вели извор за екипата на „курир.рс“ која одлучила да го посети пазарот каде што имаат тезги Родиќ.

фото: Курир.рс

Таму биле и родителите на Родиќ кои истакнаа дека се подготвуваат за свадбата на ќерката.

„Еве ние работиме, како по обичај. Пилешкото е свежо, луѓето се расположени, ние сме среќни, се е како што треба. Богдана е поштедена бидејќи е бремена, а Наташа и Бојана и понатаму работат. Во нашето семејство тоа е нормално. Еве се подготвуваме за свадбата, а потоа ќе дојде и внучето. Бидејќи има три ќерки, сакам Богдана да роди син, но и ако биде внука, ќе ја има целата љубов од семејството“ вели таткото на Богдана.

фото: Курир.рс

На пазарот била и сваќата на Цеца, мајката на Богдана, Даниела.

„Верував дека ќе продолжите до Нови Сад, на работното место кај мојата ќерка Наташа, но драго ми е што дојдовте до мене. Богдана овде работеше, но сега е потшедена бидејќи е бремена. Нека ужива детето во бременоста, овде работеше со години и никогаш не се бунеше што работи на пазар. Имаме прекрасни жени кои работа и верувајте ми дека сме среќни и задоволни“ вели Даниела.

фото: стефанија костиќ

Семејството Родиќ се подготвува за свадбата на Вељко и Богдана.

„Се ќе биде на ниво и ќе бидат испочитувани сите обичаи. Се воодушевив кога Богдана откри дека има желба да носи венчаницата на Цеца. Тие имаат слична консктрукција и мислам дека ништо нема да треба да се менува. Цеца е прекрасна сваќа и мислам дека ќе биде феномелна свадба“ вели мајката на Богдана.

За потсетување, свадбата на Богдана и Вељко е закажан за 24 ноември.

To top