Радио Милева „толку и сече“ или...?

Од миленичка до „персона нон грата“ во Македонија: Теа Таировиќ ја разбесни македонската јавност откако на настап во Бугарија ги промени стиховите на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Од миленичка до „персона нон грата“ во Македонија: Теа Таировиќ ја разбесни македонската јавност откако на настап во Бугарија ги промени стиховите на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Српската пејачка која е во постојан подем и која несомнено моментално важи за една од најбараните во регионот, ја разбесни македонската јавност откако ги промени стиховите на една од најубавите македонска песна „Македонско девојче“.

Таировиќ, која важи за многу популарна и во Македонија, каде постојано настапува во клубови и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за Новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја, од засега непознати причини ја разочара целокупната македонска јавност.

„Кралицата на бакшишот“ како што е позната во регионот, која само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, на еден од последните  настапи во Благоевград, република Бугарија, , предизвика скандал откако познатата македонска песна „Македонско девојче“ за да им се додвори на Бугарите ја испеа со следните стихови:

„Нема поубаво девојче од Б’лгарче…“!

Социјалните мрежи во Македонија зовреа, а коментарите повеќе од брутални, со рекации кои дури  одат до таму што некои велат дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија:

„Пак рокајте ја Теа Таировиќ, само не заборавајте да ја плукнете во фаца следен пат кога ќе дојде во Македонија“, стои во видеото што е објавено на Твитер.

„Се наполни со пари во Скопје за празниците, ја пречекуваат во цела Македонија како ѕвезда, а таа сега провоцира од Бугарија“, се само некои од мислењарта и ставовите искажани на социјалните мрежи.

Инаку, речиси и да не постои човек кој не ја знае една од најпознатите македонски народни песни. Таа е најпеаната песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.

За потсетување, „татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот на македонската песна Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.

To top