Радио Милева белград на дланка

Од луксузна вила до стан на 40-ти кат: И најмалиот син на Брена и Боба се отсели од кај мама и тато – еве каде живее сега (фото)

Од луксузна вила до стан на 40-ти кат: И најмалиот син на Брена и Боба се отсели од кај мама и тато – еве каде живее сега (фото)

Сите тројца синови на Слободан Живојиновиќ Боба и Лепа Брена ја напуштија семејната вила на Бежанијска коса. Последен што го напушти семејниот дом беше миленикот на Брена, најмалиот Виктор Живојиновиќ.

Станот на Виктор е луксузен имот во елитна белградска населба, на четириесетти кат.

Од пространиот стан од 140 квадрати, вреден 700.000 евра, најмладиот син на Брена и Боба го гледа Белград како на дланка.

Станот на Виктор Живојиновиќ е наместен по најнова мода, урбан и во согласност со потребите на младиот човек, а Виктор сподели одредени делови од луксузниот имот со своите следбеници на Инстаграм.

Луксузна мермерна бања, кујна опремена со најсовремени апарати и дневна соба со прозорци, со поглед кој го одзема здивот – тоа е краток опис на имотот што Брен и Боба му го купија на најмладиот наследник пред неколку години.

фото:instagram printscreen/viktorernest

To top