Државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ почина утрово од коронавирусот, потврди министерот за животна средина Горан Триван.
“Бранислав почина ова попладне во Белград. Искажувам сочувство на семејството и пријателите. Во солзи сме. Тој беше прекрасен човек. Бранислав целиот свој живот го посвети на заштитата на животната средина. Министерството и Владата ќе се погрижат децата и семејството да бидат згрижени“ – стои во изјавата на министерството.
Пред пет дена Блажиќ бил ставен на респиратор на Клиниката за инфективни болести во Белград.
За жал, тој ја загубил битката за живот во борбата со Ковид 19.
Фото: Бета/Ненад Петровиќ