По разводот од пејачката Ана Николиќ,српскиот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста се пресели во нов стан во центарот на Белград.
Тој сега почувствува потреба да се пофали и да ја покаже внатрешноста од својот дом во кој се гледа дека не чепнала женска рака.
Српските медиуми неговиот нов стан го опишаа како лусузен, но од фотографиите се гледа дека станува збор за сосема просечен ентериер.
Раста најмногу сакаше да се пофали со многуте чифта патики кои ги оставил на тераса да се ветреат, додека пак во кујната направил вистински хаос.
Единствено уредна е собата на малата Тара, бидејќи таа поминува најамногу време со мајка си.
Раста ја фотографираше и бањата, односно најинтимниот простор во домот ама од луксузот не видовме ништо.