Радио Милева Голема љубов

Од градот на гревот во градот на љубовта: Џенифер и Бен Афлек на романтичен меден месец (фото)

Од градот на гревот во градот на љубовта: Џенифер и Бен Афлек на романтичен меден месец (фото)

Откако го кажаа судбоносното „I do“ во градот на гревот, Џенифер Лопез и Бен Афлек го продолжија својот меден месец во градот на љубовта.

Парот допатува во Париз дотеран на романтична вечера. Таа блескаше во црвен фустан, тој се одлучи за костум и вратоврска, исто како што доликува на првата вечер од свадбеното патување.

Фотографиите на кои г-дин и г-ѓа Афлек се држат за рака и шетаат насмеани ги освоија срцата на фановите на социјалните мрежи и уште еднаш потврдија дека се посреќни од кога било.

Американскиот шоубиз портал ТМЗ наведува дека сопружниците на меден месец ги зеле и ќерките на Бен од бракот со Џенифер Гарнер, со што ја заокружиле приказната за големото среќно семејство.

Матичарот кој го венчал познатиот пар смета дека љубовта која започнала пред 17 години е навистина вистинска:

‒ Досега имам венчано околу десет илјади парови и од оваа позиција во животот можам да ја проценам врската меѓу двајца луѓе – навистина чувствував дека нивната љубов е вистинска, заклучива службеникот.

To top