Пејачот Џеј Рамадановски почина во неделата на 6 декември, а ќе биде погребан во петок во алејата на заслужни граѓани во Белград.
Во меѓувреме, додека целиот регион се простува од фолк легендата, семејството објави некролог и последен поздрав, во кој еден детаљ предизвика нова бура од емоции кај многумина и повторно ја разбранува јавноста.
Меѓу тие кои за последен пат се простија од пејачот, се двете ќерки, внуците,е поранешната сопруга како и последната девојка на Џеј, но не и неговиот зет за постарата ќерка, пејачот Адил Максутовиќ.
Според многумина, Џеј и Адил не биле во добри односи од пред неколку години, кога Адил ја претепа својата сопруга – ќерка на Џеј, додека таа беше бремена.
Иако Џеј никогаш не и се мешал на ќерката, нему тешко му падна што таа беше жртва на вакво сурово семејно насилство, па иако подоцна се смирија, некрологот е само уште еден доказ дека нивниот проблем пејачите никогаш не го решиле.
За потсетување, Ана и Адил откако после се’ се смирија, годинава добија и уште една принова. Џеј отсекогаш бил приврзан за внучињата, на кои бескрајно и безрезервно им се радуваше се’ до својата ненадејна смрт.