Наталија Водјанова, една од најпознатите манекенки во светот, вчера му рече судбоносно „да“ на својот долгогодишен партнер Антоан Арно, а свадбената церемонија се одржа во Париз.
Манекенката на својот Инстаграм објави фотографии од интимната венчавка, а со тоа ги воодушеви своите следбеници.
За оваа пригода таа носеше едноставна, ретро свилена венчаница од шампањ со нагласени рамена и тенок појас околу струкот, а со себе носеше и елегантни бели салонки. Додека нејзиниот сопруг, со кого веќе има два сина, се одлучи за тегет костум на Берлути.
Наталија сега живее во изобилство, но не било секогаш така. Имено, таа порасна во сиромаштија, а како девојче работеше на пазар.
Нејзиниот живот се смени кога ја забележа моден агент кој ја запозна со светот на модата и и овозможи да живее удобен живот.
Така Наталија се најде во Париз на 17-годишна возраст, а веќе како 20-годишник на сметката имаше 20 милиони долари.
Титулата една од најплатените модели во светот ја воведе во светот на богатите и аристократите, меѓу кои го запозна и нејзиниот прв сопруг Џастин Портман, со кого има три деца. Нивниот брак траеше девет години, а Џастин во интервју откри дека по раскинувањето, морал да побара стручна помош поради нервен слом кој го претрпел поради раскинување на убавицата.
Наталија, пак, смело продолжи со својот живот и набргу по разводот, повторно најде љубовна среќа. Во 2011 година се вбљуби во милијардерот Антоан Арно, со кого се омажи, а чие богатство се проценува на 84 милијарди долари, што го прави трет најбогат човек на светот.