Во септември започнува новата сезона на реалното шоу „Задруга 4“, а како што пренесуваа српските медиуми, некои од учесниците ќе се:
Станија Добројевиќ, Кристијан Голубовиќ, Мики Ѓуричиќ…
Српските медиуми сега пишуваат колку наводно ќе изнесуваат хонорарите на некои од станарите на ова реално шоу.
Станија Добројевиќ се наведува како најголема ѕвезда на „Задруга 4“, а бидејќи влезе во „Задруга 2“ за 2000 евра на неделно ниво, се зборува дека за истата сума ќе биде дел и од новата сезона на реалното шоу.
Како што пишуваат регионалните медиуми, Менсур наводно договорил хонорар од 3 000 евра неделно.
Миљана Кулиќ како и секоја сезона, така и овојпат ќе се најде пред камерите на Задруга. Таа неодамна изјави дека токму парите се мотив за да влезе повторно во реално шоу, а бидејќи од „Задруга 3“ излезе побогата за 250 000 евра, таа вели дека не ја интеренсира ништо друго освен таа сума.
Сашка Каран истакна дека челниците на Пинк и понудиле 400 000 евра за 9 месеци.
Мики Ѓуричиќ потпишал договор за влез во реалното шоу, но неговиот хонорар се држи во тајност.
Инаку, и кумановецот Дарко Спејко ќе биде дел од „Задруга 4“.