Овагодинешното, 92 издание на доделување на Оскарите се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес, а истото чинеше 44 милиони долари, а од нив 24 700 долари се потрошени за црвениот килим.
Поставувањето на црвениот тепих со површина од 1 500 метри квадратни им одзема 900 часа работа на екипата од 18 луѓе.
Во големата салата на театарот имаше околу 6километри електрични кабли и два километри драпери кои беа поставени за приемот по доделувањето на Оскарите.
На доделувањето на Оскарите се појавија бројни јавни личности, а македонскиот филм „Медена земја“ беше номиниран во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, меѓутоа не освои Оскар.