Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ -Раста отсекогаш сакале да бидат еден чекор пред другите.
Овој пат, не се однесува на нивните кариери, туку на ќерката која наскоро ќе наполни една година.
На 3-ти август, малата Тара ќе наполни една година, а на овој ден Ана и Раста планираат и да ја крстат. Тие одлучиле за првиот роденден на Тара да отворат сметка во банка и да и уплатат 20 000 евра.
„Започнаа подготовките. Ана е во голем хаос. Сака се да биде совршено на роденденот на нејзината миленичка. Се уште немаат најдено простор каде ќе биде роденденот и крштевката. Раста одлучи се тој да финансира, но нема да се меша во одлуките на Ана, изјавил близок извор.
За роденденот на малото девојче родителите се сложиле околу едно – подарокот.
„Долго време размислуваа што да и купат за првиот родеден, но потоа се договорија да отворат сметка во банка и да уплатат 20 000 евра“, додаде изворот.
Додека Тара не наполни 18 години, младиот пар ќе уплаќа одредена сума на нејзината сметка.
фото: драгана удовиќиќ