Пред извесен период по примерот на светските ѕвезди, албанската пејачка Аделина Тахири направи фотосесија со голо трудничко стомаче.
За да ја скокотка јавноста, идната мама фотографиите ги објавуваше во серија, а оние најразголените ги остави за крај, односно за последните недели од бременоста кога треба да се породи.
Сега дојде токму тоа време. Аделина на својот Инстаграм е доста активна, а во последната фотографија напиша дека остана уште многу малку време до породувањето и брои ситно.
Со оглед на тоа дека е во последните недели од бременоста, пејачката изгледа бујно и атрактивно како и секогаш.
Инаку, Тахири очекува да стане мајка на машко бебе.