Лепа Лукиќ во емотивна исповед откри детали за кои мудро молчеше со децении.
Како што се наведува, иако многу сакала да биде пејачка, не можела ни да сонува колку ќе биде голема ѕвезда.
Поради таа желба нејзиниот брат знаел да ја удари, но таа правела по свое.
„Никогаш не бев свесна дека ќе станам она што сум денес. Некогаш кога седев со мојата почината мајка, кога седевме и пиевме кафе ми велеше: „Боже Лепава дали некогаш сонуваше дека ќе бидеш ова што си денес?“, јас велев: „Мајко, не сум во сон“. Сите ми забрануваа, мајка ми не, таа мораше да го слуша синот, единствена машка глава во семејството. Тој не ми дозволуваше да пеам, мислеше дека ќе пеам во некои кафани каде ќе ме пипкаат пијани и дека јас ќе почнам да пијам“ вели Лукиќ, па се потсети на разни сцени со братот.
„Брат ми мислеше дека ќе бидам скитница. Добивав шамари од него. Добивав шамари од него, но одев на аудиција и бев примена“ вели пејачката.
Песната „Од извора два путича“ ја снимила кога нејзниот брат заминал во војска.
Вели дека му купила одело и му го пратила во војска, а тој бил воодушевен дека во меѓувреме неговата сестра станала ѕвезда.
Таа додава дека и нуделе дури и да и препишат куќи само за да се омажи со богати додворувачи.
-Ми нудеа дури и цели куќи да ми ги препишат само да не пеам повеќе, а тоа никогаш не сакав да го прифатам, бидејќи сакам мојот партнер да е убав и сиромашен, а не богат и да ме уценува, раскажа во емисијата „Гламур“ Лукиќ.
Пејачката истакна дека со првите пари им овозможила на нејзините да имаат се што немале досега.