Во Штип на 27 мај во Дом на млади – Штип за прв пат ќе се организира Македонски фестивал на хип-хоп музика и урбани култури насловен: „Од А до Штип!“.
Дом на млади е државна институција која има 45 годишна традиција на анимирање и организирање на алтернативни и некомерцијални музички и уметнички настани. Па така оваа година по повод 50 години од настанувањето на хип-хоп музиката, 35 години од првите Хип Хоп артисти во Македонија и 30 години првиот хип-хоп настан во Дом на Млади – Штип ќе се одржи овој фестивал.
Потврдени артисти се: SAF SOUND SYSTEM, LD Pistolero & Strajk feat DJ Goce Saf, Зад Аголот, Visionary Records од Скопје, Martix oд Кочани и Nicartic & Mana од Штип. DJ поддршка ќе бидат:
DJ Slave, DJ Chvare, DJ Ilich, DJ Oky Doky, DJ Double G, DJ Mana и DJ Chiko. Во склоп на фестивалот, дента е планиран Винил базар со 5-6 излагачи на винили од цела Македонија.