По повод Денот на општина Пробиштип и Денот на рударите 28-ми август, Општина Пробиштип организира богата културно-уметничка програма која ќе трае пет дена.
Програмата започнува на 24-ти август со фолк вечер на која концерт ќе одржи ансамблот „Македонија“ од Скопје. На 25-ти август следува „Рудар рок фест“ на кој ќе настапат: „Преку ред“, „Прв ред“, „Ashborn“, „Беседа“, „Мамут“ и „Last Expedition“. 26-ти август е резервиран за македонските музички ѕвезди, ќе настапат Дани Димитровска, Ѓезме, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар.
Следната вечер (27.08) настапуваат балканските ѕвезди „Фрајле“ и „Прљаво казалиште“ а истата вечер tribute бендот „Бело копче“.
На 28-ми август манифестацијата се завршува со концерт на Наташа Малинкова.