Мегафон Телевизија и интернет

Од 19-ти септември: Започнува „Show Time“ на Jingle TV

Од 19-ти септември:  Започнува „Show Time“ на Jingle TV

Од 19-ти септември како дел од новата програмска тв шема на JingleTV започнува новата телевизиска емисија во која ќе продефилираат најпознатите личности од целиот Балкан. Од продукцијата ексклузивно за Вистина.мк ги најавуваат хрватската-поп дива Јелена Розга, како и ексклузивно интервју со напата единствена Каролина Гочева која одамна ја немаме видено на малите екрано со телевизиско интервју. Ова е само дел од она што ќе не очеува од недела за недела, секој викенд во 20 часот и 15 минути на интернет каналот на JingleTV.

Оваа емисија ќе третира сите теми од културата и шоу-биз сцената од нашата земја, регионот па дури и од светот кои го заслужуваат епитетот ексклузивитет. Што ќе значи тоа останува да видите.

Емисијата ќе можете да ја гледате во живо преку стрим платформите на Facebook и YouTube со впишување на jingletv.mk .

 

 

To top