Мегафон

Од 12-15 јули „Пивофест 2018“ во Прилеп

Од 12-15 јули „Пивофест 2018“ во Прилеп

Од 12 до 15 јули во Прилеп ќе се одржува 16. издание на фестивалот „Пивофест“, во чии рамки ќе настапат голем број домашни и регионални музички имиња. Првиот ден е комплетно резервиран за македонски изведувачи, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски со Дејвид Лајон. 

Втората вечер ќе ја отвори Дарио, по кој ќе следат едни од најпопуларните екс-ју бендови „Ван Гог“ и „Црвена јабука“, а забавата ќе продолжи со грчкиот диџеј Мосел. Саботната вечер, пак, ќе биде исполнета со настапите на нашитеФортисимо бенд“ и „Некст тајм“, како и балканските ѕвезди Жељко Јоксимовиќ и Џенан Лончаревиќ, а за неделното финале ќе се погрижат Александра Јанева, „Либеро бенд“, Милица Тодоровиќ и Шабан Шаулиќ.  

Фестивалот, кој годинава е во организација на фирмата „Ентфинити“ од Скопје и со поддршка од општина Прилеп, ќе се одржува во центарот на градот на површина од 4.176 метри квадратни, со 29 локации, а посетителите ќе можат да вкусат скара и да пијат повеќе видови пиво. Организаторите ветуваат добра организација, одлична забава, квалитетна храна, хигиена, чистота во градот, и намалена цена за паркинг од 50 денари, наместо 100 денари, но и повикуваат на еколошка свест и зачувување на животната средина.

To top