Вкусни македонски вина на преку 40 винарии, деликатеси и богата музичка програма ќе понуди годинашниот „Виноскоп“ што ќе се одржува по тринаесетти пат од 11 до 14 октомври пред спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Нека оваа есен биде за паметење и возбуда со македонско вино и најдоброто од македонската и балканската музика“ – најавуваат организаторите на „Виноскоп“, чија примарна цел е подигнување на винската култура.