Таткото на старлетата Маја Маринковиќ, Радомир Маринковиќ Таки, наводно банкротирал поради неговата ќерка Маја.
Таки бил фатен во јавниот превоз во Нов Белград кога ја носел на ветеринар померанецот Леа на неговата ќерка.
– Сите го препознаа и коментираа. Се изненадија кога го видоа со куче во јавен превоз, особено што е познато дека е „полн како брод“. Една жена дури го прашала: „Црн Таки , па од каде ти овде?!“ Тој се насмеа и одговори: “Го купив станот на Маја и банкротирав! Ме чинеше 160.000 евра” – открива извор од местото на настанот.
– Сите забележавме дека се шверцува! Додуша, се возеше само неколку постојки. Кучето го чуваше во јакна и цело време го галеше. Тоа лаеше неколку пати, па две постари жени превртуваа со очите. Сепак, Таки не обрна внимание на тоа – вели изворот и додава дека девојка го пресретнала пред да излезе од автобусот.
– Вресна кога го виде! Таа му збруваше дека тој е цар и дека мора да влезе во „Задруга“. Се пофали дека е голем фан на неговата ќерка Маја!
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Таки