Радио Милева ист вкус за жени

Очигледно најдобриот другар на Дејан Драгојевиќ е Филип Цар – постојано го „спасува“ од жените (фото)

Очигледно најдобриот другар на Дејан Драгојевиќ е Филип Цар – постојано го „спасува“ од жените (фото)

Благодарение на Филип Цар, победникот на „Задруга“ Дејан Драгојевиќ остана без сопругата Далила Мујиќ, а сега и без својата девојка Александра Николиќ.

Драгојевиќ, како што вели, на ова предавство не гледа црно, туку решил да гледа позитивно.

– Дејан беше емотивно многу лошо! По изневерувањето на Далила, сите гледавте како тој се самоповредува, руши и крши се пред себе, а и денеска поради тоа оди на психијатар – рекол извор близок на Драгојевиќ.

-Сега е уште полошо бидејќи го изневери жената на која реши да и верува по јавната прељуба, а на која сведок беше и самата Александра. Буквално, таа најдобро знаеше како е и колку Цар го повреди со уништувањето на неговиот дом и брак, а сега и самата го направи истото со истиот тој човек – рекол изворот.

Како што кажа и тој, во желба да му помогнат што побрзо да излезе, на прво место дошле неговата мајка Билјана, како и неговиот брат Давид кој не го остава ниту секунда. Го вади од дома, заедно тренираат, патуваат и му забранува да гледа Задруга.

-Но, Дејан реши да ја погледне ситуацијата од позитивната страна, да се сврти кон себе и кон луѓето кои искрено го сакаат – заклучил изворот.

Дека тоа е вистина потврди и самиот Драгојевиќ.

– Филип Царот ќе ми стане најдобар пријател! Буквално сакам да му подадам рака и да му кажам: Ти благодарам пријателе, ме спаси од најлошите жени! – рече тој во својот блог кој стана вирален на неговиот канал на Јутјуб и објасни дека по втор пат испаднал будала бидејќи се заљубил и и верувал на погрешна личност.

– Човекот буквално ми ги отвори очите, благодарам. Да не беше тој, којзнае колку долго ќе живеев во лаги. Ќе му ја врамам сликата и ќе ја чувам на ѕид – рече Дејан Драгојевиќ малку на шега, малку вистина и истакна дека повеќе не го интересира Александра и дека ставил точка и на таа приказна.

Фото:Принтскрин/Задруга

To top