Вистински шок приреди Кристијано Роналдо кој одби да учествува, односно да гласа за најдобрите во 2022 во изборот на ФИФА. Капитенот на Португалија таа улога му ја препушти на својот заменик – капитен Пепе.
Веројатно очајниот Роналдо со овој потег не сакаше да гласа за својот исконски ривал Лео Меси.
Можеби затоа ФИФА синоќа на самата церемонија му приреди вистинско понижување. Имено во најавата за самата свеченост, Роналдо беше прикажан како седи на клупата на репрезентацијата Португалија на една од средбите на СП во Катар.
Ова не им се допадна на неговите фанови кои беа жестоки во своите реакции истакнувајќи дека Роналдо тоа не го заслужил. Оние пак другите, тврдеа дека Португалецот е „испушена муштикла“ и на очајниот Роналдо „така и му треба“, зашто она што си го барал и си го добил.