Ченинг Тејтум (39) е еден од најсекси и најпосакуваните актери, кого го следат и по кого воздивнуваат жените од целиот свет, но по филмот “Магичниот Мајк” и неговото продолжение “Магичниот Мајк XXL”, во кои тој игра секси стриптизер, не го гледаме толку често во голо издание.
Сепак, работите се менуваат, а по оваа фотографија ќе се променат и мислењата за него.
Холивудскиот убавец, кој деновиве наполни 39 години, целосно се соблече и застана пиштол гол под туш, бидејќи изгуби облог.
„Јас ја изгубив играта. А, губитникот мораше да објави фотографија избрана од победникот… Никогаш повеќе нема да играм со неа…“- пишуваше Ченинг покрај објавена секси слика.
Во продолжение тој открил дека авторот на фотографијата е неговата девојка Џеси Џеј, од која во последниве месеци не се одвојува. Двајцата влегле во врска само неколку месеци откако Ченинг се развел од Џена Деван, со која има ќерка.