Славниот актер се подготвува да го снима својот последен филм, трилерот „Поротник бр. 2“, во кој ќе глумат и Николас Хулт и Тони Колет, но неговите обожаватели забележале дека легендата на Холивуд не е виден повеќе од 450 дена , објави „Дејли Експрес“.
Извор на „Radar Online“ изјави дека холивудските инсајдери се „загрижени“ за Клинт Иствуд, и покрај неговото здравје и виталност.
– Клинт отсекогаш бил во добра здравствена состојба, витален и активен, и покрај годините, но фактот што не е виден долго време ги загрижува луѓето во Холивуд. Тешко е да го замислиме освен дека е во добра форма, но времето нè стигнува сите – рекол изворот.
Британски „Експрес“ контактирал со претставниците на Клинт за коментар и чека одговор.
Клинт Иствуд има 70-годишна холивудска кариера, а една од неговите најпознати улоги е во филмот „Dirty Harry“. Покрај актерството, познатиот уметник се покажа и како талентиран режисер. Тој направи големи хитови како „Гран Торино“ и „Непростливо“, „Девојка од милион долари“…
Фото: Принтскрин/АР фото/Јутјуб