Радио Милева
Се исплаши ли од годините?

Обожавателите шокирани од глетката, но и постапката: Моника Белучи претера со фотошоп (фото)

Обожавателите шокирани од глетката, но и постапката: Моника Белучи претера со фотошоп (фото)

Италијанската актерка Моника Белучи објави екстремно обработени фотографии на Инстаграм, па беше мета на критики од обожавателите кои останаа шокирани од нејзиниот изглед.

Моника Белучи, која е позната по својата природна убавина, позираше со долг  фустан  во бордо боја и висок шлиц.

Комбинацијата ја надополнила со елегантно ланче и обетки. Но, сепак, многумина забележаа дека фотографиите се многу обработени.

„На твоите фотографии не им требаат филтри. Убава сте и без нив“- и  напишале во  коментарите.

„Толку си многу си убава, немаш потреба да си го средуваш лицето со апликации“ – и порачале.

Познатата актерка навистина изгледа волшебно, а на обожавателите им е особено драга бидејќи остана имуна на трендот на пластични операции, па за разлика од многу нејзини колешки, не го смени личниот опис.

Моника признала дека не се плаши од стареењето, па може да се каже дека е иста како виното – колку е постара, толку е поубава.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/monicabellucciofficiel

Останати вести од Радио Милева