Радио Милева
исцрпна потрага по вистинскиот

Обожавателите сметаат дека е собршен избор: Еве кој ќе го глуми Мајкл Џексон во новиот биографски филм (фото)

Обожавателите сметаат дека е собршен избор: Еве кој ќе го глуми Мајкл Џексон во новиот биографски филм (фото)

Џафар Џексон е избран да го глуми својот славен чичко Мајкл Џексон во нов биографски филм, што ќе го режира Антуан Фукуа.

Внукот на покојниот пејач бил избран по обемна потрага за актер низ цел свет.

Филмот со едноставен наслов „Мајкл“ ќе биде првата голема улога за 26-годишниот Џафар, кој е син на Џермејн Џексон, најстариот брат на Мајкл.

„Џафар е олицетворение на мојот син. Прекрасно е да се гледа како го носи наследството на семејството Џексон“, изјави мајката на Мајкл Џексон, Кетрин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Jackson (@michaeljackson)

Не е познато дали воопшто ќе бидат вклучени обвинувањата за сексуално злоставување деца.

Информациите за снимањето на новиот филм беа објавени и на официјалниот профил на кралот на попот на Инстаграм.

фото:Инстаграм принтскрин/michaeljackson

Останати вести од Радио Милева